Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдлуката за притворот на Кочан на јавна седница на Апелација

Одлуката за притворот на Кочан на јавна седница на Апелација

Во Апелациониот суд  на јавна седница,  Специјалното јавно обвинителство  и одбраната на Сеад Кочан  ќе ги соочат аргументите „за“ и „контра“  решението за  притвор.

Од Апелациониот суд  информираат дека седницата ќе биде јавна на барање на СЈО. По расправата ќе биде донесена и конечна одлука.

Сеад Кочан веќе неколку дена не е достапен за органите на прогонот иако е распишана меѓународна потерница.

Тврдењата на неговиот  адвокат дека тој е слободен човек, а решението за притвор е незаконско, за дел од адвокатите се лични толкувања. Според адвокатот Сашо Дуковски законот е јасен  – жалбата не го суспендира решението за притвор.

И додека МВР трага по  Кочан, во неговите фирми се прават рокади. Порталот Нова ТВ објави дека сопругата на осомничениот бизнисмен , Асмира Кочан, се повлече од менаџерската позиција во „Трансмет Лаб ДООЕЛ“, нов директор сега е Селма Кочан, помлад член на семејството Кочан.

Извор: 24vesti.mk