Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Топол септемвриски ден

Метео: Топол септемвриски ден

Денес не очекува уште еден топол септемвриски ден со пријатни временски услови. Во Македонија ќе биде стабилно, суво и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температурата ќе се спушти од 7 до 16, а највисоката дневна преку денот ќе достигне од 26 до 33.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.

Стабилно и потопло ќе биде во и петок.

За време на викендот во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, претежно врнежите ќе бидат застапени во западните делови на земјава, но и температурата на воздухот ќе биде во опаѓање.