Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија62 милијардери се побогати од половина население на планетата

62 милијардери се побогати од половина население на планетата

Најновиот извештај на Оксфам организацијата за борба против сиромаштија открива дека 62-цата најбогати луѓе на планетата имаат речиси поголемо богатство отколку од 3.6 милијарди сиромашни луѓе. svetski bogatasi1Разликата меѓу ултра богатите и сиромашните станува се поизразена и пострашна, бидејќи целиот капитал, ресурси и моќ се концентрирани во мала група на бизнисмени и олигарси. Загрижува и фактот што постои страшен тренд на се поголемо окрупнување на моќ и пари во мала група на луѓе кои контролираат цели светски индустрии, бидејќи пред неколку години ултра богати биле околу 350 поединци и нивниот број денес е намален за шест пати.Income_InequalityТоа доведува и до целосно суспендирање на демократските системи бидејќи кога на располагање имате повеќе пари од државните буџети и од економските потенцијали на било кое граѓанско или политичко движење тогаш многу лесно може да се корумпираат влади и политирачи, но и регулаторни тела, образовни и здравствени институции и надзорни органи.