Monday, Jul 24, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМладиот Касиља на голот на Реал Мадрид

Младиот Касиља на голот на Реал Мадрид

Галактикосите го одбраа наследникот на легендарниот голман Икер Касиљас и тоа во младиот чувар на мрежата Кико Касиља кој го доведоа од Еспањол за сума од 6 милиони евра. Инаку Касиља е дете на Реал Мадрид кој од младинските школи беше префрлен во Еспањол, но сега се враќа дома потпишувајќи 5 годишен договор.

Kiko-Casilla-madrid

„Ова е тежок момент за мене после толку години поминати во клуб кој го сакам, но знаев дека шансата да му се придружам на Мадрид е уникатна и морав да ја искористам. Ова е воз на кој само еднаш можеш да се качиш“, изјави Касиља по преминот во Мадрид. Раководството на Реал Мадрид посакуваше да го доведе и Де Геа, но Манчестер Јунајтед не попушти под притисоците, барем оваа сезона.