HomeДЕНЕШНАПолитика600 млади ќе се обучуваат за нови полицајци

600 млади ќе се обучуваат за нови полицајци

МВР распиша нов конкурс за 600 нови кандидати кои треба да станат дел од македонската полиција и според условите не треба да бидат постари од 24 години. Деталните услови за конкурсот се објавени во дневниот печат, а од МВР посочуваат дека за обуката која трае една година ќе бидат прифатени за 10% повеќе кандидати од потребните работни места за да се одберат најдобрите.

Тие што ќе ги поминат обуките и ќе бидат примени, според огласот, 100 ќе бидат распоредени во организациските единици со седиште во Скопје, потоа 165 во Регионалните центри за гранични работи Север – Скопје, Југ и Запад, 50 полицајци ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи во Охрид и Струмица, додека останатите ќе бидат распоредени во безмалку сите полициски станици во Скопје.

Опозицијата критикува дека повторно пред можни избори се ветуваат бројни работни места во државните служби со што се создаваат лојални партиски послушници, а самите кандидати поминуваат со партиски книшки, а не со квалитет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com