HomeДЕНЕШНАРепублика60 гулаби во чест на 60-от роденден на Борис Трајковски

60 гулаби во чест на 60-от роденден на Борис Трајковски

Во чест на 60 годишницата од раѓањето на покојниот претседател Борис Трајковски на Алејата на великаните на гробиштата во Бутел ќе бидат пуштени 60 гулаби кои ќе го симболизираат неговото залагање за мирно решавање на воениот конфликт во 2001-ва. Исто така ќе бидат прочитани песни од стихозбирката „Спомени за Борис Трајковски“ во која се застапени авторски песни на ученици од основните училишта во општина Бутел, а делегацијата за положување свежо цвеќе ќе ја предводи градоначалникот Латиновски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com