Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика55 години ,,Охридско лето" – прослава вечерва со концерт на „Howard Gospel“

55 години ,,Охридско лето" – прослава вечерва со концерт на „Howard Gospel“

Со концертот на американскиот хор  „Howard Gospel“ вечерва во Антички театар .фестивалот ,,Охридско лето” ќе прославува 55 години постоење.

Американскиот „Howard Gospel“ хор е првиот академски хор од ваков вид во светот. Основан е во 1968 година, и е составен од сегашни и поранешни студенти на Ховардскиот Универзитет, како и од пасионирани љубители на хорската музика. На нивниот репертоар се наоѓаат композиции од современата и од традиционалната американска госпел-музика, црковни химни, црнечка духовна музика (negro spirituals) и др. Во овие композиции најчесто се опфаќаат темите за Исус Христос и за христијанството. „Хауард госпел-хорот“ активно настапува во Соединетите Американски Држави, но и надвор од нивните граници

Првото издание на фестивалот Охридско лето се случи во далечната 1961 година кога во катедралната црква ,,Св Софија на денешен ден ” концерт одржа Ана Липша Тофовиќ. Од тогаш па се до денес ,,Охридско лето” е еден од најреномираните фестивали во Македонија, секогаш на висина на задачата задоволувајќи ги сите вкусови на разновидната публика