Wednesday, Nov 22, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонПретставен Moto Z – Нов модуларен ѕвер од Lenovo и Motorola

Претставен Moto Z – Нов модуларен ѕвер од Lenovo и Motorola

moto z 3

Motorola изгледа редовно ги читале шпекулациите за новиот iPhone 7 и први претставија смартфон без аудио џек за слушалки од 3.5 милиметри со новиот Moto Z кој исто така може да се пофали и со својата модуларност, односно можност за додавање на различни елементи на основата како кај LG G5.

moto z 1

Главната презентација ја одржа Lenovo и ова е прв смартфон под нивна „капа“ откако ја превзедоа Motorola Mobility. Moto Z доаѓа со 5.5 инчен Quad HD AMOLED дисплеј, работи со осум-јадрен Snapdragon 820 процесор, Adreno 530 графичка, 4 GB RAM, 32 GB меморија, microSD слот со поддршка до 256 GB и изненадувачки послаба батерија со капацитет од 2600 mAh.

moto z 2

На задната страна е сместена 13 мегапикселна главна камера со засилен сензор со ласерски автофокус, OIS, двоен блиц, додека пак селфи камерата има 5 мегапиксели. Moto Z располага и со скенер за отпечатоци, 4G LTE конекција, додека пак за софтверот се грижи чистата верзија на Android 6.0 Marshmallow.

Moto Mods се главната иновација кај модуларниот Moto Z кои ќе ви овозможат голем број на додатоци, како на пример екстра звучници, видео проектор, леќи за камерата и уште многу други кои сега се развиваат. Овој ѕвер на Lenovo и Motorola треба да се најде во продажба во септември, но секако не очекувајте премногу ниска цена.

Извор: telefoni.mk