Wednesday, Nov 22, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаКлиника за детска хирургија: Родителите одбиваат операција на Исидора

Клиника за детска хирургија: Родителите одбиваат операција на Исидора

detska-klinika-1

По објавата на апели за помош за собирање средства за операција на малата Исидора реагираат и од Клиника за детска хирургија од каде посочуваат дека токму родителите одбиваат да се изврши интервенција во државава за што има соодветни експерти и услови и откажале досега повеќе прегледи.

-Имено станува збор за кардиохируршки пациент чија состојба редовно се следи на Клиниката за детски болести. Пациентот првично беше планиран за операција во фебруари 2016 година од страна на тимот на Проф.Бил Новик. Поради исклучително тешката здравствена состојба на детето (развиена масовна бронхопневмонија со опструктивен наод) бебето беше хоспитализирано, поставено на антибиотска терапија и следено во период од две недели. Поради моменталната здравствена состојба операцијата беше одложена со препорака пациентот да се оперира во април кога тимот на Проф. Новик повтрно ќе дојде во земјава. И по неколку обиди да се стапи во контакт со родителите, тие одбиваа да го донесат детето дури и на преглед и покрај тоа што им беше укажано дека доколку операцијата не се направи, состојбата на детето ќе се влоши до тој степен да нема да може воопшто да се направи операција и животот на детето ќе биде во опасност. Во Април повторно не се појавија на преглед и оперативен третман, соопштуваат од Клиниката.

isidora pomos

Родителите одбиле да потпишат документ дека им е предложена операција и дека истата ја одбиваат поради присуство на пулмонална хипертензија и не можноста за соодветен третман во одделот за интензивно лекување на клиниката за детска хирургија.