Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје500 оштетени сообраќајни знаци за само 6 месеци

500 оштетени сообраќајни знаци за само 6 месеци

500 сообраќајни знаци се оштетени во првите шест месеци од годинава. Екипите на ЈП „Улици и патишта“, кои вршат редовни контроли на состојбата на сообраќајните знаци за да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, ги санираат и ги исправуваат оштетените знаци, а каде што има потреба поставуваат нови знаци.
fdgdfg
Во првите шест месеци од годинава на улиците и на булеварите се поставени 300 нови сообраќајни знаци. При редовните контроли е утврдено дека оштетените знаци се бојадисуваат со спрејови, се користат како рекламни табли и на нив се лепи рекламен материјал, се искривуваат, а голем дел од нив се и целосно отстранети. Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат поставените сообраќајни знаци и да ја почитуваат патната сигнализација со што ќе придонесат за безбедно одвивање на сообраќајот