Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика500 литри рибја чорба за сите гости- одбележан денот на рибарите во Охрид

500 литри рибја чорба за сите гости- одбележан денот на рибарите во Охрид

Еден ден по големиот христијански празник Богојавление-Водици, Охрид како и секоја година по традиција го прославува денот на рибарите. Овој настан, рибарите го почитуваат и со воодушевување го чекаат да дојде, бидејќи скокаат во водата од својата најрана возраст.

За старите мајстори на риболовот, ова е вистинско доживување за кое со гордост раскажуваат и му се воодушевуваат на истото.

Рибја чорба, пача, охридска староградска песна и денес на Сараиште се прославуваше. Охридското средно угостителско училиште “Ванчо Питошевски” ги покажа своите квалитети во готвењето и подготвија околу 500 литри рибја чорба од лосос, за да ја вкусат 6000 илјади посетители на самата манифестација.

Исто така на оваа слава, во која се празнува и големиот празник Свети Јован, се точеше и големо количество на греано вино и ракија.

На крајот сите задоволни си отидоа во своите домови и продолжија со славата на Св.Јован, а чорбата, виното и ракијата се испија до последна капка. Подоцна со симболично капење во охридските води се одбележа пуштањето на ловот на рибата-пастрамка.