Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика50 Cent го лажирал имиџот за мултимилионер

50 Cent го лажирал имиџот за мултимилионер

Познатиот рапер Куртис Џексон а.к.а 50 Cent во сведоштво пред судот во Њујорк откри дека неговиот имиџ на мултимилионер е лажиран и дека служел само за создавање на силна слика во неговите видео спотови и дека целиот луксуз е дел од сценарио. На 50 Cent му се закани банкрот, но и сериозна тужба поврзана со навреда од сексуална природа во висина од 5 милиони долари.

50 cen sud

Се е дел од забавната индустрија. Сите спортски коли кои ги гледате во спотовите се изнајмени или добиени на кратко само за снимањето. Немам ниту скапоцен накит, туку само неколку златни ланци, изјави 50 Cent пред судијата.

За 50 Cent има и сомнежи дека се обидува вештачки да ја намали вредноста на својот имот или пак навремено да ги алоцира своите финансиски средства за да се заштити од поголема исплата на оштета, но тој тврди дека заработува само 6 центи од една продадена песна, а за последните два филма во кои се појавува добил само 100 илјади долари.

Единствен проблем во целиот случај најверојатно ќе биде неговата репутација кај фановите која беше изградена токму врз скапи и елитни видео спотови во кои премногу се фалеше дека спие на пари.