Friday, Jul 21, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија ги слави светите браќа Кирил и Методиј

Македонија ги слави светите браќа Кирил и Методиј

sv kiril i metodij

Македонија ги празнува светите словенски браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на писменоста, азбуката и просветителството. Голем број на владини, партиски и невладини делагии ќе положат цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј, а за сите граѓани денешниот ден е неработен.

sv kiril i metodij spomenik

Честититки за овој значаен ден со кој се потсетуваме на историските и цивилизациските достигнувања на сесловенската култура пристигнуваат од повеќе страни. Лидерот на опозицијата порача дека треба да се почитуваат универзалните, културните и човечките вредности кај луѓето на 24 мај.

Претседателот Иванов порача Св. Кирил и Методиј ги славиме за втемелување на правото на еднаквост, јазик и култура што е особено важно за развојот на словенските народи, ширењето на христијанската вера и создавање на засебните идентитети.