Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмТерминаторот повеќе нема да се врати

Терминаторот повеќе нема да се врати

Најновото петто продолжение на популарната филмска франшиза Terminator Genesys е тотален неуспех и публиката очигледно не е заинтересирана да го види враќањето на Арнолд Шварценегер во култната улога на Терминаторот Т-800. Ова е убедливо и најголемата холивудска „бомба“ оваа сезона бидејќи филмот со огромен буџет од 155 милиони долари заработи одвај 25 милиони во кино салите.

terminator_genisys_2015-wide

Спасот Terminator Genesys ќе го бара од публиката надвор од САД која можеби се уште има желба да го види овој научно-фантастичен филм. Покрај Шварци, се појавуваат Емилија Кларк која ја знаеме како Калиси од Game of Thrones во улогата на хероината Сара Конор, Џејсон Кларк како Џон Конор и Џаи Кортни еден од најлошите актери во изминатите пет години во улогата на Кајл Рис.

Проблемот со Terminator Genesys е во комплицираната приказна која ги меша сите временски интервали со патување низ времето и воопшто го нема шмекот на првите два филма кои до денес не се надминати. Последните два дела на Terminator исто така не беа прифатени од фановите и критичарите, што е доволен знак дека ни е доста од оваа приказна и само со ќеиф ќе си ги гледаме старите филмови.