Tuesday, Apr 16, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмос40 години од првото ракување во вселената

40 години од првото ракување во вселената

Пред 40 години за прв се ракуваа американските и советските астронаути во заедничката мисија за спојување на вселенските летала Аполо и Сојуз. Првиот поздрав го направија симболично командантите на двете мисии Том Стафорд и Алексеј Леонов во екот на студената војна меѓу САД и СССР. Денес астронаутите велат дека тогаш не мислеле како непријатели и не дозволиле во научната мисија да навлезе политиката.

pozdrav vselena2

„Во јули 1975 две вселенски летала се споија и ние работевме заеднички, што докажа дека две земји, со различни јазици и различни единици за мерење и целосно спротивни политичи системи може да работат заедно за да постигнат заедничка цел“ изјави Том Стафорд, додавајќи дека во последните 40 години постојано се слушале на телефон со Алексеј Леонов, па дури и на неговиот внук му го дал името Алексеј.