Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСведоштва на жители на Диво Насеље и полицаец осомничен за тероризам

Сведоштва на жители на Диво Насеље и полицаец осомничен за тероризам

На новото судско рочиште за битката во кумановско Диво Насеље сведочеа дел од локалните жители, како и еден полицаец кој се сомничи дека е дел од терористичката група која ја нападна македонската полиција, пренесува Акдемик.

Станува збор за Арсим Бајрами кој утрото на 9 мај не дошол на повикот на командирот Зоран Станојковски да се јави на должност, бидејќи неговата ќерка била болна. Подоцна Бајрами пристигнал во полициската станица, но бил приведен од специјалните единици кои го испрашувале и барале идентификација на слика од можните учесници во нападот.

Во вкрстеното испрашување беше потенцирано дека Бајрами не ја почитувал првичната наредба на Станојковски кој сведеше пред судот. Од друга страна Бајрама посочи дека Станојковски како негов надреден имал законска обврска да присуствува на распитот, но тој рече дека не бил информиран за неговото апсење.
diva-naselba-4Сведочеше и Африм Таири жител на Диво Насеље кој вечерта на 8 мај добил загрижувачки повик од неговата сопруга дека нешто се случува и потоа го испратил семејството кај роднини во Лојане. Вечерта бил кај неговиот сосед, а штом започнала престрелката долго време се криеле во куќата.

Полицијата според Таири, иако посочиле дека се цивили, ги држела 40 минути легнати на земја. Тој познава и тројца од учесниците во нападот, Фадиљ Фејзулаху, Ирфан Љутвиу и Бесник Ајдини, но пред борбата не забележале лица со маскирни униформи или пак со автоматско оружје.

Извор: akademik.mk