HomeДЕНЕШНАСвет370 Невладини организации во Турција добија забрана за работа

370 Невладини организации во Турција добија забрана за работа

Турција

Турција ја забрани активноста на 370 невладини организации, вклучувајќи ги и оние за заштита на човековите права и децата, заради нивна наводна поврзаност со тероризмот, одлучи Министерството за внатрешни работи, а денеска образложи заменик турскиот премиер, Нуман Куртулмуш.

-Овие организации не се згаснати, туку се суспендирани. Постојат силни докази дека се поврзани со терористички организации, рече Куртулмуш.Турција, како што додаде, се бори против тероризмот на повеќе различни фронтови. „Се обидуваме да ги исчистиме државните институции од ѓуленисти. Во исто време се бориме против курдските екстремисти и со Исламска држава“, изјави Куртулумуш.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com