Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион300 евра казна за непријавен престој во Црна Гора

300 евра казна за непријавен престој во Црна Гора

Сите туристи во Црна Гора мора да платат такса за престој, а Црногорците кои ќе патуваат кај своите роднини ќе мора задолжително да го пријават својот престој во полиција. Во спротивно им се заканува  казна во износ од 300 евра.

Од Црногорското Министерство потенцирале дека ваквите прописи не треба да ги  злоупотребува никој за да му нанесе штета на туризмот во земјата.

 Такса ќе плаќаат само оние кои користат услуги за сместување. Додека пак приватните посети на роднини, пријатели, родители….треба само да се пријават-потенцирале од министерството.

Под знак прашање останува и  воведувањето на најевтинг роаминг, не е јасно кои цени ќе важат од денеска бидејќи Управниот суд на Црна Гора одлучи дека договорот за евтинг роаминг кој го постигнаа земјите од регионот не е во интерес на Црногорските оператори