HomeРЕФЛЕКТОРМузика30 години поминати на музичката сцена Наум Петрески ќе ги одбележи со нов албум и концерт

30 години поминати на музичката сцена Наум Петрески ќе ги одбележи со нов албум и концерт

maxresdefault

Познатиот фолк изведувач Наум Петрески годинава одбележува 30 години на музичката сцена, а овој голем јубилеј ќе го прослави со нов албум и голем солистички концерт.Првите рефрени што публиката ќе има можност да ги слушне се темите „Илјада мостови“ и „Мојата приказна“, за кои Петрески доби музички субвенции.

Композитор и аранжер на двете нумери е Тодор Трајчевски, а стиховите се дело на докажаните текстописци Борче Нечовски и Огнен Неделковски. Веќе се осмислуваат и видео записите што се задолжителни во субвенционираниот пакет, а ќе ги реализира „Аворд филм и видео“.

Пејачот е актуелен со темата „Желба последна“, која ја сними со хрватскиот бенд „Тамбураши за душу“. Автор на композицијата е Иво Первелиќ, а оригиналниот текст е на хрватски јазик.

Извор: Vistina.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com