HomeРЕФЛЕКТОРМузика30 Години од последниот настап на групата „Queen“ со Фреди Меркјури!

30 Години од последниот настап на групата „Queen“ со Фреди Меркјури!

Легендарната англиска рок група „Queen“ пред триесет години на вчерашен ден го одржа последниот настап на кој пееше фронтменот на оваа група Фреди Меркјури. Групата „Queen“ вечерта на 9 август далечната 1986 година во Квенборт парк во Велика Британија го одржала последниот концерт во рамките на турнејата „The Magic Tour“. Фреди Меркјури и останатите членови на бендот последен пат заедно настапувале пред повеќе од 120.000 луѓе.

Никој во пиубликата тогаш не можел ниту да претпостави дека всушност се сведоци на последниот концерт на еден од најсаканите британски бендови. Во 1987 година на легендарниот Фреди Меркјури му беше дијагностицирана сида и групата „Queen“ одлучи да ја прекине турнејата. Токму во топ период „Queen“ го доживуваше врвот на својата слава, прокламирајќи се во најсакан британски рок бенд кој рушеше рекорди на посетеност на концертите.

Групата „Queen“ издаде 15 студиски албуми, а песните како „We Will Rock You“ и „We Are The Champions“ станаа вистински спортски химни кои и ден денес се изведуваат на големите спортски случувања ширум светот, додека нумерата „Bohemian Rhapsody“, се смета за една од најдобрите рок песни на сите времиња.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com