Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроника3 полицајци под дејство на дрога, уште 10 со прекршоци

3 полицајци под дејство на дрога, уште 10 со прекршоци

МВР по спроведување на дисциплински постапки донесе решенија против 13 полицијаци за сторени прекршоци на работно место и непрописно поведение. Од извештајот на МВР највпечатливо е што дури тројца чувари на редот и мирот биле затечени под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи, по што им следува отказ.

Нај(траги)комично сигурно е во полициската станица Карпош, каде во два наврати на полициски службеници им се случило да заспијат за време на смена или дежурство, што било доволна можност задржаните лица да избегаат од станицата, а уште во два случаи полициски службеници во истата станица не постапувале соодветно со обезбедувањето на задржани лица.

Останатите прекршоците на десетината казнети полицијаци и службеници во секторите на МВР се однесуваат на помали прекршоци и на нив им следуваат парични казни или писмени опомени.