Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје3% поголема плата за административците кои на работа ќе одат со велосипед

3% поголема плата за административците кои на работа ќе одат со велосипед

Донесена е одлука за 3 отсто да им се зголеми платата на сите вработените во јавната администрација кои ќе доаѓаат на работа со велосипед. Ова го соопшти скопскиот градоначаник Коце Трајановски вчера на примопредавањето на донацијата од 35 велосипеди кои Авто мото сојузот на Македонија­ АМСМ му ги подари на Град Скопје.

Велосипедите ќе бидат поставени на велосипедските станици во градот. Градоначалникот Трајановски се заблагодари на донацијата и додаде оти првпат ќе пуштат во функција велосипеди за деца. Ова е значајно за Град Скопје и за жителите. Сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за користење на велосипедите. Сметаме дека ќе се зголеми бројот на велосипедисти од сегашните 1 отсто, кој е еден од најниските на Балканот, на 3 отсто во 2017 година и на 5 отсто во 2020 година, рече Трајановски.
tocak2
Во врска со проектот „Изнајми велосипед” кој се спроведува преку ЈП „Градски паркинг”, Трајановски рече дека не е многу зголемен процентот на луѓе кои изнајмуваат велосипед, но потенцираше дека тие ќе продолжат упорно да работат на зголемување на свеста за користење на овој алтернативен јавен превоз и дека со тоа ќе порасте и бројот на корисници. Во таа насока, скопскиот градоначланик Трајановски најави нови пунктови за велосипеди низ скопските општини. ЈП „Градски паркинг” располага со 250 велосипеди. Во просек, дневно се изнајмуваат околу 120 велосипеди.