Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика29 видови птици изумрени во кочанско-штипскиот регион за само 8 години

29 видови птици изумрени во кочанско-штипскиот регион за само 8 години

За осум години во штипско-кочанскиот регион исчезнале неповратно повеќе видови птици, животни и растенија, вели Киро Бојаџиски, истражувач и еколог, објави Канал 5.

„Во нашето подрачје за неполни осум години исчезнаа 29 видови птици, што е една голема катстрофа. Снема и 7 видови растенија, кои беа присутни во нашите оризишта. Видрите, поровите и некои други водоземни животни во нашиот крај веќе ги нема“, вели Бојаџиски. Причина за истребувањето на видовите е постојаната деградација на животната средина.

Според екологот исчезнале два вида мршојади – меѓу најголемите во светот, орелот крсташ, орелот зајчар, златниот орел, јастребот пејач, ластовичар сокол и др. А што се однесува до вегетацијата, исчезна цната водна ела што живееше само тука, уникатни црвени и бели врби, дива јасика и уште неколку други.