Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија26.000 евра за чистење на Порта Македонија

26.000 евра за чистење на Порта Македонија

Владата е подготвена да плати скоро 27.000 евра на фирма што ќе ги чисти трагите на шарената револуција од Пората Македонија – објави 24 Вести. Музејот на македонската борба за државност и самостојност, кој е надлежен за портата, објави оглас за, како што стои отстранување на оштетувањата на фасадите на недвижното културно наследство.

Под локација на извршување на работите стои Порта Македонија. Од Музејот за 24 вести потврдија дека се бара фирма за чистење на овој објект. На прашањето дали сумата од 26.000 евра не е превисока за ваков зафат, првиот човек на музејот изјави:

„Станува збор само за едно чистење. Тоа не е прашина, ниту пајажина. Тоа се бои и хемикалии од најразличен вид впиени во мермерот и бараат различни процедури на чистење.“ – изјави директорот, Бранислав Светозаревиќ.

Порта Македонија неколку пати беше цел на нападите со боја. Шарените револуционери со спреј ги впишуваа своите пароли, како „Нема правда, нема мир“, „Слобода и оставка“, а демонстрантите посочија и на непродуктивното трошење на 6 милиони евра за објектот преку пораката „Ова чини 208 Тамари“. Претходно неколку жени се обидуваа со кофи, крпи и детергенти да ги исчистат спомениците, но не успеаја да ја отстранат бојата. Како што самите изјавија се собрале спонтано и самоиницијативно.

Боите станаа симбол на протестите против институциите откако претседателот на државата ги помилува осомничените функционери, поради тоа протестите го добија името Шарена револуција. Таргет беа институции и градби кои демонстрантите тврдеа дека се партизирани нефункционални. И непотребни во услови на сиромаштија и невработеност.