HomeДЕНЕШНАСвет250.000 долари за телефонот на новинарката со кој беше спасен Ердоган!

250.000 долари за телефонот на новинарката со кој беше спасен Ердоган!

Водителката Ханде Фират изјави дека нејзиниот телефон преку кој Ердоган испрати порака за спас на Турција, бил побаран за да биде откупен за 250.000 долари. Кога започнал државниот удар, таа успеала преку фејстајм апликацијата да го добие претседателот на линија и да го вклучи директно во програма за да и се обрати на нацијата.

Тој момент, според општо мислење, бил пресуден за да пропадне државниот удар.

„Постојано добивам честитки и цвеќе од сограѓаните, а ми стигнуваат и понуди за откуп на телефонот. Еден човек од Саудиска Арабија ми понуди дури 250.000 долари за него“, изјави Ханде.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com