Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет24 лица осудени на бесење поради учество во масакр

24 лица осудени на бесење поради учество во масакр

Ирачкиот суд денеска осуди 24 луѓе на смрт со бесење во врска со масакрот на 1.700 кадети на воздухопловните сили на Ирак, кој лани во јуни го изведоа милитанти на Исламската држава во близина на Тикрит. Четворица од осомничените биле ослободени, велат од Судот. Денеска е осудена првата група од околу 600 милитанти обвинети за масакрот.

Гробовите на жртвите беа ексхумирани во април, откако ирачката влада и сојузничките сили ја презедоа контролата на Тикрит од милитанти на ИД. За Обединетите нации станува збор за воено злосторство.