HomeДЕНЕШНАЦрна хроника24-годишно момче загина во сообраќајка кај Петровец

24-годишно момче загина во сообраќајка кај Петровец

Дваесет и четиригодишниот А.Б од село Огњанци загинал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22.30 часот во село Петровец, скопско, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „Крајслер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н. (53) од Скопје и возило „Застава 101“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (24) од Огњанци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Б. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар, каде од страна на лекар од КАРИЛ била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ОУСН од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com