Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика24 години независност – Македонија ги слави храбрите чекори

24 години независност – Македонија ги слави храбрите чекори

Пред точно 24 години македонскиот народ одлучи самостојно да ја гради својата држава, одвојувајќи се на мирен пат од Југославија во која започнаа воени конликти кои подоцна се претворија во крвава граѓанска војна. Политичкото раководство кое имаше мали сомнежи сепак, собра храброст да ја поведе иницијативата за референдум на 8 септември, на кој над 75 проценти од македонските граѓани еуфорично излегоа на гласање и ја потврдија независноста. Денес ќе има повеќе манифестации по повод независноста и тимот на pozitiv.mk ви го честита празникот.