Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСредба Заев-Бенце: Потребна е соработка помеѓу Македонија и Унгарија

Средба Заев-Бенце: Потребна е соработка помеѓу Македонија и Унгарија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба со амбасадорот на Унгарија во Р.М разговараше за актуелната политичка ситуација и реализацијата на обврските предвидени во договорот од Пржино.

Заев, соопштуваат од СДСМ, посочил дека Тие како партија се конструктивни и дека очекуваат сите страни да вложат поголем труд за во најкусо време да се спроведе договореното.

Амбасадорот Бенце ги изразил своите очекувања за брзи и ефективни реформи и во областите кои беа посочени во извештајот на Прибе, особено во делот на администрацијата, медиумите, судството и спроведувањето на Рамковниот договор.

– Заеднички е констатирано дека е опасно Македонија да ја изгуби препораката за ЕУ, посебно што станува збор за мала држава, со кревка и нестабилна економија, мултиетничка држава којашто сега е соочена и со светската бегалска криза, стои во соопштението.

Тема на разговорот била и потребата од продлабочување на билатералните односи како на економски план, така и во областите од посебен интерес за граѓаните на двете земји.

Средбата доаѓа по засилената активност на амбасадорите, со цел поттикнување на придвижувањето на договорите во однос на пржинскиот договор.


Н.С