Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроника21 жртва според МВР, меѓу нив и двегодишно детенце

21 жртва според МВР, меѓу нив и двегодишно детенце

МВР ја соопшти конечната бројка на загинати лица во поплавите кои зафатија делови од Скопје и Тетово, а за жал најмладата жртва меѓу нив е двегодишно детенце од Ченто. Трагедијата за ова семејство да биде поголема е што во невремето е починат и дедото на возраст од 67 години.

Од почит кон семејствата на загинатите кои се во жалост идентитетот на жртвите нема да го објавиме. Повеќето од нив се загинати во погодените подрачја на општина Гази Баба во Стајковци, Ченто, Смилковци, а има и лица од други градови кои се удавиле во своите автомобили.