Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика20 години од големата трагедија на Голема Богородица во Берово

20 години од големата трагедија на Голема Богородица во Берово

Берово одбележува и 20 години од големата трагедија кога за прославата на народниот собир во манастирот Голема Богородица од громови загинаа 9 лица, а дваесетина беа повредени. Свое сведоштво за настанот за телевизија Стар даде и новинарката Љубинка Клинчарска која прва ја пренела веста, а сега е во пензија.

Низ годините оваа крвава прослава за големиот верски празник е често посочувана како пример за божја казна поради нарушување на православните начела за скромност во прославувањето, како и за принесувањето на курбан, односно на животински жртви што исто така е строго забрането но, се применува во голем број на прослави низ манастирите во Македонија.