Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрилепските скејтери конечно добија Скејт парк

Прилепските скејтери конечно добија Скејт парк

Прилепските скејтери конечно добија Скејт парк. Скејт паркот е со површина од 1.331м2 и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди. Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари.

Скејт паркот беше отворен со забава и со настапот на двете прилепски рап групи Станица 048 и The Titanium и велешките рапери Avtorizacija и DJ Popeye.