Monday, Jun 26, 2017
HomeАНТИСТРЕСЕким180.000 луѓе годишно умираат поради газираните пијалаци

180.000 луѓе годишно умираат поради газираните пијалаци

sokovi

Американскиот магазин “Circulation” објави студија во која се наведува дека од газирани и засладени пијалаци во светот умираат 184.000 луѓе годишно. Ова е прво детално истражување за влијанието на овие пијалаци на смртноста и здравствените компликации поврзани со дијабетес, кардиоваскуларните болести и ракот кај луѓето кои ги консумираат.
gazirano
Како што се наведува, 133.000 лица починале од дијабетес којшто бил последица на газираните пијалаци. Меѓу консументите на засладените безалкохолни пијалаци забележани се 45.000 случаи на кардиоваскуларни заболувања и 6.450 починати од рак. Авторот на студијата Даријуш Мозафаријан од Универзитетот Масачусетс тврди дека исфрлањето од употреба на засладените и газирани пијалаци, како и ладните чаеви би требало да биде приоритет на целата планета.

Податоците се добиени со следење на навиките на 611.971 лица од 1980 до 2010 година во 51 земја. Бројот на лицата кои ги консумираат овие пијалаци варира од земја во земја. Во Јапонија помалку од еден отсто луѓе консумираат газирани пијалаци, додека во Мексико дури 30 отсто помлади од 45 години ги пијат овие пијалаци. Меѓу младата популација има сè повеќе луѓе кои имаат некоја хронична болест којашто е последица од консумирањето на засладени и газирани пијалаци. Сокот од свежо цедено овошје не е опфатен со студијата.