Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕС18 правила на Далај Лама за среќен и успешен живот

18 правила на Далај Лама за среќен и успешен живот

Далај Лама објави 18 правила за среќен живот од кои може многу да се научи. Овие правила можат да ги применуваат сите луѓе со добра воља независно од религиската и политичката припадност.

Имајте на ум дека големата љубов и големите успеси во себе вклучуваат и ризици

Во животот не можете секогаш да победувате, но важно е да ги научите лекциите од поразите

Следете го правилото 3П-почитувај се себе,почитувај ги другите,преземи одговорност за своите дела

Понекогаш најдобро работа што може да ви се случи е да не го добиете тоа што го сакате

Добро научете ги правилата, за да знаете добро да ги прекршите

Не дозволувајте мали несогласувања да ви уништат големо пријателство

Кога ќе сфатите дека сте згрешиле веднаш направете се за да ја поправите грешката.

Секој ден одвојте барем малку време да бидете сами со себе

Не плашете се да пробате нешто ново, но држете се до своите вредности

Тишината понекогаш е најгласен одговор

Живејте добар и чесен живот, на тој начин кога ќе размислувате за сопствениот живот уште еднаш ќе уживате во него.

Атмосферата полна со љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот

Кога имате несогласувања со саканата личност фокусирајте се само на сегашната ситуација. Не го предизвикувајте минатото

Учете и делете го вашето знаење со другите, само така ќе станете бесмртни.

Чувајте ја Мајка природа

Еднаш годишно одете на место на кое не сте биле никогаш претходно

Запаметете дека најдобра врска е онаа во која вашата љубов еден кон друг е поголема од потребата еден за друг