Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаТехнолошките гиганти се тресат по средбата со кинескиот претседател

Технолошките гиганти се тресат по средбата со кинескиот претседател

Во организација на Microsoft во Сиетл се одржа 8-от Форум на интернет индустриите на Кина и САД на кој присуствуваа најголемите технолошки гиганти, а нивни главен гостин беше Кси Џиnпинг, претседателот на Кина. На едно место се најдоа најмоќните луѓе од IT индустријата како Сатја Надела, генералниот извршен директор на Microsoft, Тим Кук шефот на Apple, Марк Закербер основачот на Facebook, Џеф Безос директорот на Amazon, Џек Ма основачот на Alibaba и уште многу значајни лидери од индустријата.

Состојбата најдобро ја опиша Тим Кук кој по средбата изјави дека „просторијата се тресела“ и укажува на важноста на соработката на компаниите со Кина која е најголемиот пазар во светот со огромен годишен раст од стотина милијарди долари промет.

Без оглед на хакерската војна меѓу двете светки сили технолошките компании не разговараа за осетливите теми како интернет сигурноста и заштита на индустриските тајни со оглед на големиот број на плагијатори од Кина. Сепак, парите се во преден план и „генералите“ на IT секторот се задоволни од вниманието на Кси Џиnпинг и можноста за освојување на кинескиот колач.