Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика16 земјотреси во Скопје за 2 дена, жителите на главниот град во страв

16 земјотреси во Скопје за 2 дена, жителите на главниот град во страв

Во два дена, Скопје се тресеше 16 пати, а потресите направија вистинска паника меѓу граѓаните. Во неделата биле регистрирани 12 земјотреси, а вчера 4, покажуваат податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Најсилниот земјорес беше регистриран во неделата во 15,10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје. Во неделата во 7 часот наутро беше регистриран земјотрес од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Сите овие земјотреси беа со епицентар во скопското подрачје.

Вчера вечерта скопјани почувствуваа два последователни земјотреса во 19,53 часот – првиот земјотрес беше со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје. Вчера во 11,50 и 14,19 беа почувствувани земјотреси со магнутуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала.