Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет16 годишно девојче обвинето за тероризам

16 годишно девојче обвинето за тероризам

Британската полиција покрена обвинение против 16 годишно девојче од Манчестер за вклученост во подготовка на терористички акт од страна на радикални исламисти.

Истражните активности против девојчето започнале на 3 април откако полицијата извршила претрес во нејзиниот дом во  во манчестерскиот кварт Лонгсајт, каде живее голема заедница имигранти од Пакистан и Бангладеш

При претресот биле откриени материјали што може да бидат употребени за подготовка на терористички акт.

Девојчето било откриено во рамки на полициска истрага против 14-годишно момче од Блекбурн, што беше уапсено на 3 април под сомнение за поттикнување на извршување на терористички напади.

 

Девојчето треба да се појави на суд во Лондон на 22 јули