Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГигантот HP со масовни отпуштања – 30 илјади на улица

Гигантот HP со масовни отпуштања – 30 илјади на улица

Компјутерскиот гигант Hewlett-Packard ќе биде принуден да отпушти дури 30 вработена од глобалната работна сила со која располага поради лошите финансиски резултати во последната година. HP има се послаба продажба на лаптопи каде доминацијата ја одржуваат Lenovo и Asus, а лошо му оди и во бизнисот за продажба на печатачи.

hp eneterprise

Најмногу кратења ќе има одделот Hewlett Packard Enterprise кој се занимава со развој на софтвер, анализа на податоци и услуги за компании. Со сите неповолни економски фактори HP ќе го насочи фокусот на хардверот кој го произведува и Cloud услугите за споделување и печатење на документи, а планирано е со отпуштањата да заштеди 2 милијарди долари од годишните трошоци.

Инаку дивизијата на Hewlett Packard Enterprise ќе продолжи да функционира како спин-оф компанија и ќе се фокусира на корпоративните активности, склучување на договори за услуги на владини агенции и големи компании.