Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно15 причини зошто треба да читате хартиени книги

15 причини зошто треба да читате хартиени книги

Технологијата секојдневно оди во напредна линија, а со неа и многу активности чија навигација преминува преку користењето на компјутери. Живееме во време каде луѓето, особено најмладите, попрво би читале електронски книги наместо хартиени, со што се губи вредноста на самата книга. Ова се 15-те предности кои ги има традиционалниот, класичен начин на читање:

1. Е-книгите не ти дозволуваат да имаш вистинска библиотека и ако не можеш да се пофалиш со своја лична библиотека, тогаш дефинитивно сè е залудно.

2. Електронските книги не го пружаат задоволството да си ги потцрташ омилените цитати.

3. Книгите се патешествие. Со е-книгите секогаш си на една иста страница. Една.

4. Книжарниците се добро место да го заблудиш спротивниот пол дека си интелегентна личност.

5. Кој не може да му одолее на мирисот на книга, нова или стара? Навистина, книгите од библиотеката мирисаат малку како собата на баба и дедо, но тоа не е важно, мирисот го формира карактерот.

6. Да носиш книга со тврди корици е модерно, како и очила со дебели рамки.

7. Разговорите за хартиени книги се секогаш „ретро“.

8. Поседувањето на хартиена книга дозволува да ја дадеш на пријател. Како би дал на заем е-книга?

9. Хартиените книги дозволуваат со палец да ја разлисташ набрзина целата книга – чувство кое не може да се опише.

10. Луѓето кои читаат хартиени книги не зависат од кабли.

11. Старите книги понекогаш содржат латински фрази. Тоа е тооолку слатко, без разлика што е неразбирливо.

12. Е-книгите немаат сликички на кориците.

13. Да испуштиш еден куп книги е добра можност за да се омажиш. Во филмовите секогаш некој убав маж ќе ѝ помогне на некоја млада дама да ги собере и после тоа следува романтична средба.

14. Немаш потреба од бежичен интернет.

15. Исклучувањето на таблетот не може да ти го приушти истото задоволство како кога ќе ја затвориш прочитаната книга.