HomeДЕНЕШНАРепублика15-Годишно момче со „Порше“ удрило во куќа во Велес

15-Годишно момче со „Порше“ удрило во куќа во Велес

15-Годишен возач излетал од патот на влезот во Велес поради преголема брзина и се удрил во една од куќите покрај патот. Тој управувал автомобил „порше“ со скопски регистерски таблички, а со него во возилото имало и 17-годишен сопатник. Настанот се случил вчера попладне, кога двајцата малолетници со автомобилот влегувале во Велес од правецот на Штип. Излетале во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“.

Среќна околност во целиот случај е што двајцата поминале без сериозно повреди. Единствено има оштетувања на скапиот автомобил кој бил здробен во предниот дел поради силниот удар во оградата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com