HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас15 години од декриминализацијата на сите дроги. Како Португалија ја доби војната против дрогите?

15 години од декриминализацијата на сите дроги. Како Португалија ја доби војната против дрогите?

Одлуката на Португалија (од пред 15 години) да ги декриминализира дрогите го менува светот. Петнаесетгодишното искуство вели дека употребата на дрога не се зголемила, како што многумина тврделе, туку напротив се намалила во големи размери.

Законот стапи на сила во 2001 година кога имало 80 смртни случаи од предозирање. До 2012-та, смртните случаи паднале на 16. Во 2001-та имало 1.016 ново заболени од СИДА, а во 2012-та бројот паднал на 56. Денеска, стапката на смртност од дрога изнесува три на милион жители, за споредба просекот на Европската унија изнесува 17,3 на милион жители.
droga 2
Физичарот чија работа довела до легализирање на дрогите, сега е национален координатор за дрога. Тој вели дека било многу тешко на почетокот, но состојбата станала поинаква кога сите го убиделе бенефитот од ваквата реформа. Овој закон е посочен како пример за најдобри практики во законска форма.

Вчера, Португалија одбележа 15 години од идејата да не се апсат оние кои ќе се фатат со набавка за 10 дена. Количината која е легална е помала од:
1 грам – хероин, екстаза и амфетамин
2 грама кокаин или
25 грама канабис

Ако некој биде запрен со оваа количина ќе добие само покана за „Панел за дискусија“ составена од правни, социјални и психолошки експерти. Стравот од тоа да се биде уапсен е значително намален кај корисниците на дрога, а бројот на случаи кои се охрабриле да побараат помош е зголемен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com