Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион14 грчки аеродроми завршија во германски раце

14 грчки аеродроми завршија во германски раце

Германски Фрапорт доби 14 грчки аеродроми. Вкупната цена на концесиите за управување со сите 14 регионални грчки аеродроми изнесува 1,234 милијарди евра, а Фрапорт ќе раковди со нив во наредните 40 години.

Ова е прва приватизација спроведена од страна на Владата на Сириза и е дел од договорот со меѓународните кредитори кој беше ратификуван од грчкиот Парламент на 14 август.

Меѓу аеродромите што треба да ги преземе Фрапорт, спаѓаат и воздухопловните пристаништа на џет-сет островите Миконос, Санторини и Скиатос, како и на туристичките острови Родос, Крф, Кос, Самос и во западниот дел на Крит кај Ханиа. Конзорциумот, мнозински предводен од Фрапорт, го презема и аеродромот во вториот по големина грчки град Солун.