Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје13 сообраќајни незгоди во Скопје, двајца пешаци потешко повредени

13 сообраќајни незгоди во Скопје, двајца пешаци потешко повредени

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле дури 13 сообраќајни незгоди, од кои кај две лица се забележани две потешки телесни повреди. Околу пет лица од овие сообраќајки поминале со полесни телесни повреди, а кај шест од нив има материјална штета.

Во текот на периодот кој следи исто така се очекува голем интензитет на сообраќајот, одосно поради тоа што следи викенд и Верскиот празник Задушница се очекува поголем интензитет на сообраќајот во деловите кои водат кон гробиштата во Скопје  и околината а посебно на градските гробишта „Бутел“, „Камник“ и „Горче Петров.

Во текот на утрешниот ден во периодот од 9-16 часот на градските гробишта  „Бутел“ ќе биде воведен и посебен режим по кој ќе се одвива сообраќајот, по повод споменатиот празник.

Се апелира до сите возачи да возат внимателно да бидат трпеливи, и да ги следат инструкциите кои ќе им бидат давани од страна на полициските службеници.