HomeДЕНЕШНАРегион120 нови случаи на заболени од ХИВ/СИДА Во Албанија

120 нови случаи на заболени од ХИВ/СИДА Во Албанија

zname-albanija

Оваа година во Албанија се регистрирани 120 нови случаи на заразени со вирусот на ХИВСИДА. Меѓу новозаразените е и бебе кое е родено со вирус на ХИВ/СИДА, што го добило од мајката.

„Алармантна е бројката на заразени од оваа болест. Официјалната статистика потврдува дека вкупниот број заразени од оваа болест изнесува 984 лица, но се смета дека бројката е поголема и таа е над 1.400 лица“, јави тиранската телевизија Топ чанел.

Од година во година бројот на заразените е во постојан раст. Така во 2011 година биле регистрирани 55, следната, 2012 година 72, додека во 2014 – 120 лица.

Според Клодијан Репај, заменик министер за здравство најпогодена е машката популација.

Сексуалните односи без заштита се главната причина за пренос на вирусот. односно 90 отсто од инфицираните се на овој начин. Но проблематично и понатаму е ширењето помеѓу корисниците на дрога со инјектирање, чиј број е 6.500 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com