Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион120 борци на ИД се вратени во Косово – колку се вратиле во Македонија?

120 борци на ИД се вратени во Косово – колку се вратиле во Македонија?

Застрашувачка бројка на борци повратници на Балканот. Од боиштата на Сирија и Ирак назад во матичната држава се вратиле 120 косовски државјани кои таму се бореле на страната на Исламска држава, соопштил портпаролот на полицијата од Косово, Баки Кељани.

Борците во Сирија и во Ирак биле во различен период, а според преценките на безбедносните служби овие лица можат да предизвикаат проблеми во регионот. Се работи за личности кои од 2011 година учествувале во борби во Сирија и Ирак на страната на ИД, пренесува приштинскиот весник Зери.

Изворите на весникот кажуваат дека институциите вклучувајќи ја и косовската полиција, косовската разознавачка агенција и други релевантни механизми, детално ги пратат активностите на овие лица на Косово. Мерките за безбедност на Косово се подигнати на повисоко ниво по терористичките напади во Париз.

Пред нападот во Париз, нашиот претседател Ѓорѓе Иванов, соопшти дека во Македонија се вратиле 70 припадници на ИД.