Friday, Apr 19, 2024
HomeГОВОРНИЦАКолумна12 приведени демонстранти, новинари и фоторепортери завршија со повреди

12 приведени демонстранти, новинари и фоторепортери завршија со повреди

Епилогот од вечерните жестоки протести е 12 приведени демонстранти кои учествуваа при демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорги Иванов на улицата „Димитрија Чуповски“, а при интервенцијата на полицијата повреден е новинарот Горан Наумовски од редакцијата на Плус Инфо кој заврши со повреди на вратот, а му беше укажана и лекарска помош.

protesti vtornik (5)

Исто така меѓу повредените има и двајца фоторепортери. Специјалците реагираа брзо откако демонстрантите се обидоа да маваат со камења и по зградата на Министерството за правда. Целата улица на „Рекорд“ беше експресно исчистено со тоа што демонстрантите беа потиснати.

Има информации за 12 приведени демонстранти, а дел од нив завршиле и со телесни повреди бидејќи сведоци пренесуваат дека биле тепани со пендраци.