HomeДЕНЕШНАСвет11 девојчиња загинаа во страшен пожар во Турција

11 девојчиња загинаа во страшен пожар во Турција

turkey-fire

Голема трагедија ја погоди Турција откако 12 лица, меѓу кои 11 девојчиња настрадаа во пожар кој избувнал во дом за ученици во јужната турска провинција Адана, соопштија турските власти.

Други 22 девојчиња се повредени, пренесува AFP, а меѓу загинатите е една жена вработена во домот.

Спред изјавата на градоначалникот на Адана, Хусеин Созлу, за телевизијата NTV, од 12 загинати 11 се девојчиња од второ одделение, додека гувернерот Махмут Демитрас рекол дека во овој дом биле сместенио 34 ученици, и дека некои од повредите настанале додека учениците се обидувале да побегнат преку прозор.

„Пожарот избувнал во дом за ученици од основно и средно училиште, а можно е да бил предизвикан од дефект во електричната инасталација“, рекол турскиот министер за односи со ЕУ Омер Челик.

Според тврдењата на официјални лица, огнената стихија брзо се ширела бидејќи ентериерот на домот бил направен од дрво.

Во домот биле сместени девојчиња од околните сиромашни села во кои нема училиште.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com