Tuesday, Sep 26, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиМексиканецот кој со неверојатен скок ја занеме мостарската публика!

Мексиканецот кој со неверојатен скок ја занеме мостарската публика!

Започна турнирот “Cliff Diving World Series” на “Red Bull”!

“Red Bull” го вклучи мостарскиот мост во “Cliff Diving World Series” турнеја. Оваа година Мексиканецот Џонатан Паредес направи нешто неверојатно и точно на својот 26-ти роденден со сензационалниот скок победи на натпреварот, кој компанијата го организира со идејата за спојување на традицијата и најмодерното во екстремните спортови.

На мостот во Босна и Херцеговина тие поставија платформа за да ја зголемат висината за скокање и таму ги доведоа најголемите светски шампиони. Голем број скокачи скокнаа од неа, но сите останаа без здив кога на ред дојде Џонатан Паредес од Мексико.

Паредес е првиот скокач кој оваа година го победи шампионот Гери Хант и му ја уништи надежта за сезона без пораз.

<iframe width=”640″ height=”360″ src=”https://www.youtube.com/embed/5m2C1TS_f2g?feature=player_embedded” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

Откако првите пет натпреварувања ги освои во голем стил, Хантер се очекуваше да победи и во Мостар. Но, Паредес имаше друга идеја. Во последното натпреварување во Аризона, тој беше втор, а во Босна дојде во топ форма, што го потврди и со скокот кој му донесе 108,70 бодови, додека натпреварот го заврши со 480,90 бодови, скоро 10 повеќе од второпласираниот.