HomeАНТИСТРЕСХуманост10.000 австралиски долари за школување на малиот Ведран

10.000 австралиски долари за школување на малиот Ведран

logo-novo-vector1

Австралиската компанија Оутсорс Маседониа (Outsource Macedonia) ќе донира 10.000 австралиски долари за основање на фонд за школување на малиот Ведран Велиновски, детето херој од Крива Паланка, кое цели три часа се бореше со водената стихија од стравичните поплави кои го зафатија Скопје, додека не го пронајде неговиот татко. За жал неговата мајка Марина и шестгодишниот барт Јован го загубија животот во таа водена стихија, враќајќи се од годишен одмор.

Инаку австралиската компанија веќе подолго време ангажира млади, талентирани луѓе кои живеат во Македонија да работат он лајн на проекти од различни сфери за потребите на малиот и среден бизнис во Австралија, но и во светот.

Донацијата ќе биде реализирана на 19 ноември во Битола за време на прославата на десетгодишнината од Лајонс клубот од Битола и 20 годишнината од лајонизмот во Македонија. На 19 ноември ќе се одржи десетиот јубилеен хуманитарен црно-бел бал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com