Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет100 загинати и 350 ранети во експлозија на огномет во индиски храм

100 загинати и 350 ранети во експлозија на огномет во индиски храм

Огромна несреќа се случи во Индија во сојузната држава Керала каде во светиот храм Путингал Деви 100 верници го загубија животот поради експлозија на огномет, а уште 350се повредени. До несреќата дошло откако поставениот огномет, кој служи за големо шоу при почетокот на хиндуистички празник, експлодирал со голема детонација при што се раширил голем пожар, а се срушиле и делови од кровот.

Премиерот Наренда Моди изрази жалење за огромната загуба на животи и итно се упати кон Карала. Локалните власти кои се од друга политичка партија сега се соочуваат со огромни критики во пресрет на изборите бидејќи имало голем број на жалби и пријави дека огнометите внатре во храмовите се опасни, но тие најчесто се изведувани од страна на богати одбори кои не ги почитуваат законите и регулациите.

Критики има и до премиерот бидејќи федералната влада наводно бавно реагира при големи национални несреќи, па затоа овој пат испратен е поголем медицински тим да им помогне на повредените, а активирани се и два брода на морнарицата кои ќе достават медицински материјали во Керала.

Сцените од храмот биле застрашувачки, особено при преносот на повредените лица со изгореници и повреди од урнатините кон болниците.